Албанија ги укина работните дозволи за Албанците од Македонија и од Црна Гора

Kабинетот на албанскиот премиер Еди Рама донел одлука да ги укине работните дозволи за Албанците од Црна Гора и од Македонија. Тоа значи дека иако тие се граѓани на туѓи држави на пазарот на трудот во Албанија ќе бидат рамноправно третирани.

Албанците од Црна Гора и од Северна Македонија ќе го уживаат правото на вработување исто како албанските граѓани, освен доколку работното место е наменето исклучиво за албански државјанин и е регулирано со соодветен закон“, соопшти Министерството за економија.

Министерот за надворешни работи, Гент Цакај изјави дека Албанците од Црна Гора и од Македонија сега ги имаат истите права кои претходно Тирана им ги овозможи на Албанците од Косово и од Прешевската Долина. Одлуката била донесена на 10 мај годинава.