Литија во Струга (бесплатен превоз)

Лице за контакт: Богољуб 078 622 751

Возљубени,

Со огромна чест ве известуваме дека на 7 мај (вторник), во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, ќе можеме да учествуваме на еден од најубавите и највесели настани во нашата земја – свечената Еордија (литија), со светите мошти на Великомаченикот Георгиј, кои во Струга веќе неколку години се носат од манастирот во Рајчица. Меѓу другото, литијата ќе биде збогатена и со чудотворната икона “Богородица Крнинска”, како и чудотворната икона на Св. Георгиј од Струга.

Со почеток во 16:00 часот, ќе биде отслужена празнична ктиторска вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По завршувањето на вечерната и панихидата за ктиторите, ќе следува свечената Еордија ( Литија)

Поаѓање: 7мај Вторник

Локација: Куманово – тргнување во 12ч
Локација: Скопје – тргнување во 13 и 30ч МКЦ

Враќање кон Скопје и Куманово истиот ден во вечерните часови

Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј.