Еве како настанала познатата песна Ѓурѓовден

Познатата песна „Ѓурѓовден“ (Đurđevdan) настанала во „возот на смртта“, што патувал од Сараево до Јасеновац, открива професорот Жарко Видовиќ, историчарот на уметност од Сарајево кој бил во озлогласениот концентрационен логод во 1942 година, пишува српски „Курир“.

Според неговите зборови, на патот кон логорот, заробените во вагоните без храна и вода почнале да паѓаат во криза поради стравот и неизвесноста.

Во општиот хаос еден од нив, за кого се тврди дека бил члена на сарајевска „Слога“ во сопствениот грч и немоќ, од гордост и пркос ја запеал песната.