Свежата зелка штити од рак, а варената ја ублажува нервозата

Green cabbage vegetable isolated on white background

Изобилството со витамин Ц и сулфур кои се наоѓаат во зелката се одговорни за тоа што овој зеленчук успешно ги отстранува слободните радикали и мочната киселина, а кои се главни виновници за кожните болести и реумата. Освен тоа, свежата зелка ја спречува апсорпцијата на маснотиите по оброкот и на тој начин го намалува нивото на холестерол.

Во текот на џвакањето и сечкањето на зелката се ослободуваат изотиоцијанати и индоли, супстанции за кои е докажано дека дејствуваат превентивно против ракот.

Свежата зелка помага и кај слабокрвноста, несоницата, депресијата и анксиозноста, додека варената зелка е одлична за детоксикација и е едно од најдобрите средства против напнатост, анксиозност, слабост и лоша концентрација. Многубројни студии потврдиле дека луѓето кои често јадат зелка имаат проблеми со варењето, дебелото црево, белите дробови и кожата.

Исто така, лицата кои имаат високо ниво на антиоксиданти добиени од храната поретко заболуваат од срцеви болести, мозочен удар и катаракта.Чаша свежо цедена зелка дневно го подобрува општото здравје и ги намалува или целосно отстранува проблемите со цревата, но и проблемите на респираторниот и уринарниот тракт.Облоги со медКако лек, зелката најчесто се применува во вид на облог. Особено тие се делотворни кога станува збор за упорна кашлица и бронхит.

За таа намена лист од зелка ставете неколку минути во врела вода, да стане топол и мек. Потоа, едната страна намачкајте ја со мед. Страната каде што е медот ставете ја на градите на болниот. Одозгора ставете ќесе и обвиткајте го со шал или крпа. Оваа облога најдобро е да ја ставате пред спиење, а вреди да повторувате пет до седум вечери. Истата облога многу е успешна и за раничките кои се појавуваат на усните како последица на херпес.