Научно докажано: Лукот е најдобриот пребиотик

Во нашите црева живеат околу милион бактерии од кои некои се добри, некои се потенцијално лоши односно патогени. За здрав и витален организам од голема важност е да преовладуваат добрите бактерии во цревата.

За зачувување на здрава цревна микрофлора голема помош нудат пребиотиците, несварливи растителни влакна кои добрите бактерии, односно пробиотиците ги користат како храна.

Според истражување од 2018 година, објавено во American Journal of Clinical Nutrition, откриено е дека пронајдените влакна во одредени намирници можат да бидат корисни за нашите црева. Една од тие намирници е и лукот, кој е богат со инулин.

Инулинот служи како резервен јаглехидрат. Бројни студии потврдиле дека дејствува стимулативно на растот на бифидобактериите и тоа во доза од 5 грама дневно. Хранењето на бифидобактерииите и лактобацилите со инулин овозможува овие добри бактерии да ги надвладеат потенцијално штетните бактерии.

Лукот, исто така, е познат по антимикробните и антитуморските својства и може да спречи разни срцеви болести. Најдобро е да се консумира свеж и толчен.