Претседателот на Демократската партија на Турците ги нарекува Македонците каури (ВИДЕО)

Инфомакс објави видеоснимка на која претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија, Бејџан Илјас упатува низа на навреди кон македонската држава и народ.

Илјас погрдно вели вели дека Турците во Македонија живеат во каурска држава.

100 години бopбата ни продолжува. По заминувањето на Османлиите, Турците и сите муслиманите останавме сами. Останавме сами скоро 100 години во оваа каурска држава со каурите.

Терминот каурин, означува неверник, нечист, некој кој не заслужува да живее.

Коментарите по објавеното видео се најразлични но повеќето од оние што коментираат се Турци кои го осудуваат овој говор на омраза.