Дете на кое му се восхитува целиот свет: Секој ден, веќе 6 години на грб го носи на училиште своето другарче – инвалид

Дете од Кина, Жу Бинџанг (12) го воодушеви целиот свет кога се прошири веста дека тој веќе 6 години на својот грб го носи другарот Жанд Жеа во училиште.

И да има дожд, снег или суво време, Жу ниту еднаш не пропуштил да го носи својот другар на училиште. Тие двајцата се нераздвојни од прво одделение.

Жан Же страда од Miastenije gravis, болест поради која нема контрола врз мускулите и не може сам да оди. Вели дека засекгоаш му е благодарен на својот училиштен другар.

„Жу Бинџанг е мојот најдобар другар. Секој ден разговараме, учиме и се дружиме. Благодарен сум што се грижи за мене“, рече тој.

Иако она што го работи е физички исцрпувачко, Жу вели дека ништо не му пречи.

„Јас сум поголем од него. Мислев дека ако не му помогнам јас, никој нема. Јас имам повеќе од 40 килограми, а тој околу 25“, вели момчето.

Мајката на Жу на почетокот не знаела за подвигот на својот син додека за тоа не и рекле другите ученици.

Наставниците исто така се горди на овие двајца ученици.

„Жу во текот на овие години никогаш не се жалел и секогаш правел добри дела. Тој е добар пример за другите деца“, рекоа тие.