Драматично предупредување на свештеник: „Русија има само уште 30 години да живее“

Протојереј Димитриј Смирнов, коментирајќи го предлогот Аја Софија да се претвори во џамија, вели дека Русите мораат да сфатат дека наскоро ќе има минарет спроти Кремљ на месото на Иван Велики.

„Украина, Белорусија и Русија умираат“, вели протојереј Смирнов, кој ја предводи кампањата за комисијата за семејство во Московската патријаршија.

„Руската држава има само 30 години да живее“, освен ако не се случи чудо и Словените да почнат поинаку да се однесуваат кон семејствата. И може повторно да исчезне, вели тој, токму како што се случи со Византија, која еше центарот на светот.

Само Бог може да создаде чудо и да ја спаси Русија, вели Смирнов, токму како што се случи пред неколку векови кога Тамерлан ѝ се доближи на Москва и планираше да ја спаси. Но, Богородица му се појави на сон, па монголскиот владетел се повлече. Се појави, продолжи тој, бидејќи Русите го молеа за тоа.

„Но, кој сега се моли? Пијат пиво и риболоват. Наскоро тоа ќе се промени, Русија и словенскиот свет ќе исчезне во далечна иднина“, вели Смирнов.