„Ако идниот научен експеримент тргне на лошо, луѓето сами ќе се истребат”

Идниот научен експеримент би можел да има катастрофални последици и да “предизвика крај на светот”, предупредува Џош Кларк, водител на научниот подкаст “Stuff You Should Know”.

Гостувајќи во подкастот “Think Again” поранешниот студент по антрополигија и автор изразил страв дека луѓето во име на науката би можеле да влезат во ризик кој би можел да има поразителни последици.

“Постои идеја меѓу научниците дека никогаш не можат да отидат предалеку, а тоа е опасно”, вели тој.

“Првата нуклеарна детонација е сметана за егзистенцијален ризик затоа што не знаевме што ќе се случи. Ја развиваме технологијата, која, ако ја поврзете со уверувањето дека “се ќе успее”, доведува до тоа еден ден да се разнесеме самите себе. Притоа не мислам дека ќе умрат неколку луѓе – ако само една работа тргне на лошо, нема да имаме втора шанса и човештвото ќе биде доведено до уништување”, вели тој.

Кларк потоа објаснил дека луѓето се создадени да учат на сопствените грешки.