Шокантно научно откритие: Ова суштество го сруши златното правило на еволуција

Дејмијен Ескере, истражувач од Австралискиот национален униерзитет, инаку по потекло од Чиле, тврди дека дошол до историско откритие кое го руши “златното правило” на еволуција според кое животинските видови на можат да ги вратат карактеристиките кои ќе ги изгубат за време на еволуцијата.

Австралиската државна телевизија ABC на својата страна ја објави приказната на Ескере и контроверзното откритие за јужно американските гуштери.

Се наведува дека гуштерите кои се размножувале со положување на јајца за време на еволуцијата во новите домови на студените врвови на Андите се претвориле во видови кои раѓаат живи потомци за да се прилагодат на новото опкружување.

Ескере тврди дека неколку видови од овие гуштери повторно излегувале од јајцата кога научниците ги спуштиле од планинските врвови во потоплите предели.

“Инкубацијата на јајца не е доволно добра на ниските температури, а на планинските врвови на Андите е многу студено. Положувањето на јајца во такво опкружување не функционира, па тие еволуирале така што почнале да раѓаат живи малечки гуштери. Имаме цврсти докази кои укажуваат дека тие рееволуирале и дека положуваат јајца кога повторно ќе се населат во потоплите предели”, вели Ескере.

Тој додава дека ниту еден цицач никогаш не рееволуирал со положување на јајца, но изгледа дека овие гуштери го прават тоа. Тој во научниот магазин “Evolution” го објави неговото истражување во кое се наведува дека преминувањето со носење јајце на раѓање на живи млади гуштери и повторно носење на јајца е ретка еволуциона транзиција.

Биолог од Универзитетот во Мелбурн, Оливер Грифит, чија специјалност е размножување на гуштери, порачува дека треба да се внимава со откритието на Ескере.

“Потребно е да извршиме дополнителни експерименти, пред да ги изнесеме овие револуционерни тврдења”, вели Грифит.