Синот на пратеничката со највисоки пратни трошоци се вработи во ЕЛЕМ

Виктор Стојчевски, син на пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, на која и беа исплатени неколку илјади евра за патни трошоци, е примен на работа во ЕЛЕМ откако ги исполнил сите критериуми од конкурсот, потврди ЕЛЕМ.

„АД Државни електрани на Македонија ја известува јавноста дека лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби“, се вели во соопштението.

И синот на пратеникот Горан Мисоски, Кристијан Мисоски, од 17 пријавени кандидати, бил вработен на конкурсот во Агенција за супервизија на осигурување. Оваа агенција е една од подобро платените државни институции. Таму платата ќе му биде 33.000 денари, а ќе работи како стручен соработник за супервизија, пишува порталот Република.

Не чекал многу за вработување, Кристијан Мисоски дипломирал економски факултет на Американ Колеџ лани во ноември 2018-та година, после неколку години неуспешно студирање на Универзитетот Кирил и Методиј. Постои сомнеж за судир на интереси бидејќи Горан Мисоски е пратеник, а директорот на Агенцијата за својата работа одговара токму пред Собранието.

Денеска синот на Мисоски почнал на работа во Агенцијата за супервизија на осигурување, а по ургенција на неговиот татко пратеник за да биде побрза работата, пред да се распишат изборите на 8-ми февруари.