„Frames of Eden“ – мултимедијален настан кој не смее да се пропушти!

„Frames of Eden” е мултимедијален настан кој претставува интерактивна синестезија помеѓу музиката, танцот и фотографијата. Авторската музика на составот „Sound Screen” ќе биде промовирана со камерен оркестар од класични изведувачи поврзани со модерни концепти на звук и истите пропратени со визуелни ефекти и мапирање. Фотографијата и актерскиот перформанс се концептуално амалгамирани со музиката и алхемираат една приказна која има за задача да ве пропатува низ сопствените сетила и сите универзуми надвор од нив. Ве покануваме на едно несекојдневно аудио-визуелно искуство со бродвејска естетика.

Музика: „Sound Screen“:
(Сакине Џеладиновска и Гаврило Миловановиќ)
Фотографија: Salt Of The Earth (Тимотеј Милевски)
Режија на театарски перформанс: Теа Беговска
Режија на видео запис: Сузана Ал Салкини
Режија на настан: Теа Беговска, Сузана Ал Салкини

Настапуваат:

Сакине Џеладиновска – Вокал, Перформанс
Гаврило Миловановиќ – Гитара, Клавијатури, Диригирање
Златко Митрески – Бас, Клавијатури
Ени Вучидолова – Виолина
Стефан Неделковски – Саксофон
Славјан Милчевски – Труба
Филип Каревски – Фагот

Даријана Тодоровска – Модел

Стефани Христов – Камера
Горазд Христов – Камера
Иво Иванов – Камера, Кран

Ова е промотивен настан од некомерцијална природа и влезот е слободен.

Почеток на настанот: 05.02.19 вторник од 20:30 часот – МКЦ