ВИДЕО: Ново чудо во манастирот Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки е еден од најпознатите Светци кој се прославува и на кого му се молат дури и католиците и муслиманите. Тоа и не треба да не чуди бидејќи позади овој чудотворец се врзуваат бројни сведоштва за исцелување на различни болести.

Едно од нив е и девојчето Вишна која не зборувала цели шест години.

Според зборовите на семејството, девојчето умеело само да покаже што сака да направи, знаело само да јаде и да се облече, но од нејзината уста не излегувал ниту еден збор.

Родителите ја носеле кај најдобрите лекари, но решение немало. Тогаш се свртеле кон верата и одлучиле да ја однесат на Острог, за да му се молат на Свети Василиј.

Тоа и го направиле – отишле во чудесниот манастир каде монахот прочитал неколку молитви за здравје. Преспале во манастирот на 12. мај на празникот Свети Василиј.

Тој ден се отвара ковчегот со моштите на светецот.

– Кога влеговме, монахот ја стави нејзината рака на моштите, ја спушти својата рака на нејзината глава и, и читаше молитви, раскажала Драгана, мајката на Вишна.

Два месеци подоцна, семејството заминало на море и тогаш се случило чудо.

– Седеше на кревет и рече Мамо, дојди. За малку ќе се шлогирав, се сеќава мајката која не можела да поверува дека нејзината ќерка прозборела.

Во продолжение слушнете го сведоштвото на мајката на Вишна.