Научниците предупредуваат: Доколку премногу читате на Интернет за болести ќе се разболите

На самитот во Хановер било заклучено дека ,,Постојаната достапност на медицински информации со проблематична точност на ионтернет делува вознемирувачки за пациентите.” На самитот на кој присуствувале водечки доктори, политичари, научници и бизнисмени се расправало за дигитализација на здравствената заштита.

Претседателката на лекарската комора од Долна Саксонија, Мартина Венкер , укажала на појавата на ,,сајберхондрија”, неоснован страв од сериозна болест по честите пребарувања на симптоми на интернет. Таквите пребарувања само го зголемуваат стравот кај лицата , кои се подложни на хипохондрија, покажале студиите презентирани на самитот.

Според студијата, половина од германските корисници на интернет барем еднаш месечно пребаруваат здравствени теми. Пред да отидат на доктор, дури 58% од пациентите пребаруваат информации на интернет, а по добивањето на дијагнозата дури 62%. Над половина од испитаниците билез адоволни со информациите што ги нашле.

Според авторката на студијата , Марион Гроте-Вестрик, употребата на интернет за медицински цели има многу повеќе негативни ефекти.

Таа ги упатува пациентите, веќе кога бараат информации на интернет тоа да го прават на лиценцирани страници, каде има информации потврдени врз научни истражувања.