Монструмот кој си ги уби децата посетувал жена која се занимава со црна магија

Адмир Совиќ, таткото од Босна и Херцеговина кој со нож ги закла трите деца, посетувал жена која се занимава со црна магија за да открие зошто сопругата го напуштила, пренесува „Курир.рс“.

Тој се сомневал дека нешто и било направено на неговата сопруга, па поради тоа таа сакала да оди да работи и да ја напушти куќата.

Пријателот на убиецот рекол дека тој бил многу љубоморен маж, не сакал жената да излегува од дома, па макар и на посета на нејзините родители во Сараево.

Наводно, пријателот знаел повеќе детали, но ги чувал за полицијата.

Дали жената која се занимава со црна магија влијаела на било кој начин врз Совиќ и дали манипулирала со него па како последица тој си ги убил децата, или можеби се обидувала да го смири, ќе утврди полицијата.

Другарките на Лејла, сопругата на убиецот, исто така се огласиле.

– Ја запознав случајно на друштвените мрежи и почнавме да се допишуваме. Се зближивме. Почнав да и ја раскажувам мојата приказна, а таа мене ми ја кажа својата – кажала една од нејзините другарки.

Како што таа тврди, Лејла се жалела оти работи тешки физички работи, а и праќала и фотографии на кои има модринки.

Наводно, Лејла и рекла „Ако не работам јас, децата нема да има што да јадат“.

Убиецот во минатото бил пријавен за насилство врз сопругата. Другите негови кривични дела биле ситни кражби.

На местото на злосторството било најдено писмо од убиецот, во кое пишувало:

– Не грижи се, децата се згрижени. Не отидоа гладни. Да те најдeв и тебе ќе те убиев. Но, ти го земав она најмилото, децата ги земам со себе, а тебе к…., никој веќе нема да те вика „мама“.