Црква наместо депонија во Дебрца

Во атарот на селото Годивје на дел од просторот каде беше предвидено да никне регионална депонија се гради црква. Неодамна на иницијатива на црковниот одбор на Дебарца започна возобновувањето на црквата посветена на Вартоломеј. Стојаноски вели дека граѓаните се подготвени да отстапат и дел од приватните имоти за да се прошири црковниот простор додавајќи дека со сите начини и сили ќе ја бранат и ќе ја заштитат оваа локација и нема да дозволат да се гради депонија.

Градоначалникот на Дебарца Ногачески останува на страната на граѓаните кои на референдум се изјаснија дека се против изградба на депонија потенцирајќи дека целата постапка на регионалниот план за управување со отпад е донесена на нетранспарентен начин .

И покрај неколкуте протести од страна на дебрчани кои се против изградба на регионална депонија сепак како најсоодветна локација во Југозападниот регион останува Годивје кај Дебарца.

Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ја продолжи постапката за информирање на општина Дебрца за позитивните ефекти од изградба на регионален центар на нивна територија, до конечно потпишување на Одлуката од страна на Советот на општината.

ВИДЕО НА СИТЕЛ