Неидентификуван летечки објект (НЛО) на небото – Во тек е истрага

Ирската воздухопловна управа ја испитува можната појава на неидентификуван летечки објект (НЛО) пријавен од пилотот на лет на „Бритиш еарвејвс“ на релацијата Монтреал, Канада – Шанон, Република Ирска, минатиот петок. Пилотот ја прашал контролата на ирскиот воздушен сообраќај дали во моментот има воени вежби кои се случуваат во воздушниот простор низ кој летал со авионот „Боинг 787“ на западниот брег на Р. Ирска, пренесува британски „Гардијан“.

– Објектот се движеше со огромна брзина, се појави на левата страна, а потоа брзо сврти кон север. Тоа беше многу јасна светлина која исчезна со голема брзина – изјавил пилотот.

Истиот објектот е пријавен и од пилот кој летал со авиокомпанијата „Вирџинија ерлајнс“ од Орландо, САД до Манчестер, Англија, настанот го опишал како „метеор или друг објект поврзан со повеќе објекти, што ја следеле истата траекторијата со огромна светлина“.

Според записникот од разговорот на пилотот му било кажано дека во моментот нема воени вежби во областа и дека ништо не е забележано ниту на примарниот, ниту на помошниот радар.

– Овој извештај ќе биде третиран според вообичаениот процес за испитување на доверливи случаи. Мала е веројатноста дека станува збор за објект од друга планета – изјави портпаролот на Ирската управа за воздухопловство за „Ајриш тајмс“.