Храбри минувачи му се спротиставија на терорист во Мелбурн (ВИДЕО)

Во нападот со нож во Мелбурн , каде е убиено едно лице , а се повредени неколкумина , храбрите минувачи помогнаа терористот да биде запрен.

Полицијата доби повик дека во центарот на градот има запален автомобил . Таму затекнале едно лице со нож , кое најверојатно и го запалило автомобилот , како ги напаѓа минувачите.

Некои од нив му се спротиставија пред полицијата да го застрела. Во автомобилот подоцна биле најдени плински боци , а нападот се третира за терористички , бидејќи исламистичката група Амак објавила дека напаѓачот е нејзин член.

Еден од минувачите со метална количка за купување се залетал во напаѓачот , вооружен со голем нож . Друг, пак кон него фрла столица.

Тогаш тој пребегал на другата страна на улицата со полицајците зад него .таму минувачот повторно се залетал со метална количка кон терористот , по што полицијата го застрелала.