Вистински пример за министер: Асаф Адеми во досегашниот мандат искористил само еден авионски билет

Од Министерството за култура, преку соопштение информираа за трошоците кои во досегашниот мандат ги има направено ресорниот министер, Асаф Адеми.

Како што наведуваат оттаму, за време на својот мандат од 01. јуни годинава заклучно со овој месец, Адеми има остварено две патувања во странство во Тирана и Франкфурт, а притоа искористил само еден авионски билет во вредност 7.286 денари.

Од ресорното министерство соопштуваат и за цехот кој Адеми го направил во бифето на Министерството за култура. „Во репрезентација во бифе на министерство за култура за овој период, има направено само 2.565 денари“, се наведува во соопштениетo во кое се додава дека во текот на својот мандат министерот нема замено аванс од денарска каса и нема направено трошоци во каса.

За разлика од него 4 илјади евра потрошил вице премиерот Хазби Лика по ресторани додека не одел на работа.

Во првите пет месеци од годинава, Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор потрошил над 4000 евра државни пари за смеки по ресторани, покажува алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции.

Најмногу пари или 240.000 денари Хазби Лика потрошил во мензи и ресторани во рамки на институциите, а над 130 000 денари во ресторани надвор од држваните институции. Овие трошоци се направени до мај годинава, а оттогаш наваму нема податоци ни дали Лика се појавува на работа.

Според записниците објавени на веб страницата, последна владина седница на која е евидентирано присуството на Лика е на 8 мај. Оттогаш името на вицепремиерот стои во извештајот на функционери кои отсуствуваат од седниците.