Воз поминал преку тричлено семејство – Сите преживеале (ВИДЕО)

Мајка и дете во колички за чудо преживеале откако паднале на шини во лондонското метро, непосредно пред доаѓањето на возот, криејќи се во просторот змеѓу нив, известила во сабота британската полиција.

На станицата „Бејкер стрит“ најпрвин мајката, која туркала количка, паднала од платформата, повлекувајќи ги со себе и количките со детето, а потоа и таткото скокнал по нив за да им помогне.

– Кога видеа дека им се довлижува возот влегоа во вдлабнатините помеѓу шините и возот помина над нив. Неверојатно е што никој од нив не е потешко повреден, но за секој случај пренесени се во болница, стои во соопштението на полицијата.

До несреќата дошло бидејќи жената гледала во екранот со возен ред и не забележала дека е близу до работ на платформата.

Управата на компанијата „Transport for London“ проценува дека секоја година во лондонската подземна железница минуваат околу 1,37 милијарди патници. Во 2017. година евидентирани биле над 3.000 повреди.