На дно од езеро во Турција откриен е подводен храм: Ова е една од најзначајните цркви во Христијанството!

Древна црква од средниот век е откриена на дното на турското езеро Изник, на локација во близина на античкото место Никеја.

Се проценува дека црквата под површината на водата се наоѓала повеќе од 1,600 години. Се претпоставува дека е изградена околу 390 година и моментално се наоѓа на околу десет метри под површината на водата, на 160 метри од брегот на езерото.

Откриената црква е една од најзначајните во историјата на Христијанството, затоа што е пронајдена во реонот на историскиот град Никеја, каде што пред 325 години била усвоена христијанската религија.

„Кога за прв пат ги видов сликите од езерото, бев прилично изненаден што јасно гледам во една црквена структура. Работам на теренски истражувања во Изник од 2006-та година, но никогаш не сум видел вакво нешто“, изјави професорот Мустафа Шахин, шеф на катедрата за археологија на Универзитетот Бурса.

Според него, црквата можеби била изградена на врвот на паганскиот храм до Аполон, грчкиот и римскиот бог кој понекогаш бил поврзуван со Исус во раниот христијански период. Земјотрес во 740-та година делумно ја уништил црквата која што подоцна потонала под површината на езерото.

Професорот Шахин заедно со локалните власти поднесе иницијатива оваа локација да стане првиот подводен ахреолошки музеј во Турција.

„Ако се одобри планот за подводниот музеј, изградбата би можела да започне оваа година и ќе се отвори за посетителите веќе во 2019-та година“, изјави професорот Шахин.