Од дома може да се заработат 2000 долари месечно

Од дома може да се заработат 2000 долари месечно, и потоа да се живее комотно неколку месеци.

Но, ваквата работа на различни веб платформи не нуди социјална и здравствена заштита, а на ваков начин работат доста луѓе од Западен Балкан.

Наместо да се селат во Европа, Канада или Австралија, младите луѓе одлучија да заработуваат дома по европски стандарди.

Платформите Upwork и Toptal нудат можност за фриленс работа со многу подобра заработка од онаа што ја нудат класичните работни места.

Но, негативните страни се што овие луѓе немаат постојани работодавци, а имаат голема конкуренција од целиот свет.

„Разликата е во тоа што сте слободни, можете можете навистина добро да живеете, но мора да вложите малку време и напор“ – вели Ѓорѓе, 3 Д уметник од Србија, пишуваат српските медиуми.

Нема сигурност, но за три недели вели можете да заработите пари за следните шест месеци.

Многи фриленсери на Балканот не ги пријавуваат своите приходи и не плаќаат данок.