Го победи ракот, стана пливач, доби олимписко злато и сега исплива 163 километри за 55 часа со хумана цел

Мартин ван дер Вејден  (Maarten van der Weijden) е холандски пливач, кој се соочил во сериозен животен предизвик уште пред да почне неговата кариера.

На само 19 години му бил дијагностициран рак, докторите не му давале добри прогнози и не верувале дека тој ќе се избори со леукемијата и ќе преживее.

Но, тој им докажал дека грешат. Не само што ја победил леукемијата, туку закрепнал брзо и сериозно започнал да се занимава со пливање, само две години по дијагнозата.

На изненадување на сите, неговата кариера вртоглаво напредувала и тој дури освоил олимписко злато во 2008 година во Кина.

Тој организирал настан за собирање на средства за борба против ракот и планирал да исплива 200 километри во текот на 3 дена, но поради настинка успевал да исплива 163 километри за 55 часа, со сосема кратки паузи за одмор.

Иако не стигнал до целта, неговата кампања за собирање средства била успешна и тој собрал 4 милиони долари за борба против ракот.

Запознајте го овој инспиративен млад човек и погледнете како изгледало неговото тело по 55 часа во вода: