ВНИМАВАЈТЕ: Не пишува „канцерогени материи“, туку некое шифрирано име- ова се најстрашните состојки во процесираната храна

Хемикалиите што се користат како пестициди и заштитни средства во процесот на одгледување на растенијата што се користат во производството на храна, се наоѓаат во огромен број производи што можете да ги најдете во најблискиот супер маркет.

Но, на етикетата не пишува „канцерогени материи“, туку секогаш се запишани под некое шифрирано име како „природен засладувач“. Ова се дел од најстрашните состојки кои можете да ги најдете во процесираната храна.

Ацесулфам калиум

Се работи за вештачки засладувач приближно 200 пати поблаг од белиот шеќер, кој не содржи калории. Го има во преку 5.000 различни производи. Одредени истражувања покажале дека оваа супстанца може да го зголеми ризикот од рак на белите дробови и градите, како и ризикот од нарушување на нормалната работа на тироидната жлезда.

Аспартам

Овој вештачки засладувач кој се добива со комбинирање на две аминокиселини со метанол, има речиси нула калории и е 180 пати поблаг од белиот шеќер. Се содржи во преку 6.000 различни производи, најчесто во диеталните газирани сокови. Може да предизвика невролошки симптоми, како главоболки, вртоглавица, губење на меморијата, а во поретки случаи и епилептични напади.

Титаниум диоксид

Оваа состојка најчесто се користи во производството на боја и масло за сончање. Но, во прехранбената индустрија се додава во претерано процесирана храна, за обелување. Титаниум диоксидот се вади од рудници и често е контаминирана со олово.

Глифосфат

Глифосфатот е состојка што се користи на пченката и сојата, кои се генетски модифицирани да издржат обработка со голема количина хемикалии. Најголем дел од неорганската пакувана храна содржи барем траги од пченка или соја. Оваа супстанца е системски хербицид, што значи дека се апсорбира во растението и на тој начин доаѓа до вашето тело. Долгорочното конзумирање може да предизвика претерана телесна тежина, намалена способност за учење и неплодност.

Бутилиран Хидроксианисол (BHA)

Се работи за антиоксиданс кој е петролејски дериват, кој се користи како презерватив за мастите и маслата. Се содржи во огромен дел од процесираната храна, како што се: пиво, крекери, бисквити, мусли, путер и храна со додадени масти. Во животинските истражувања, оваа супстанца предизвикала рак на желудникот и други делови од стомакот. Се предвидува можност да стане канцерогена супстанца и кај луѓето.

Кастореум

Оваа супстанца е исцедок од аналната жлезда на дабарите. Во комбинација со урината, кастореумот се користи за обележување на територијата. Може да се најде во засладувачи со вкус на ванила или малини во процесираната храна, а најчесто е означен како природен засладувач. Сѐ што треба да знаете за оваа состојка е дека претставува исцедок од аналната жлезда на дабарите.