Пушењето е најголема закана за здравјето во ЕУ – Децата на пушачите почесто умираат од болести на белите дробови

Mandatory Credit: Photo by Voisin / Phanie / Rex Features (621337f) Model Released - Cigarette being smoked near a baby. Stock

Пушењето претставува најголема закана за здравјето во Европската унија. Според Европската комисија, тоа е најчестата причина за прерана смрт во ЕУ.

Комисијата наведува дека пушењето е причина за 700.000 смртни случаи годишно, при што се додава дека 50 проценти од пушачите починуваат прерано (14 години). Иако е направен значителен напредок во последните години, сепак, се забележува, дека обемот на пушачи во ЕУ е се уште висок: 28 проценти од вкупното населние, а 29 проценти кај младите Европејци на возраст од 15-24 години.

Во објавата на ЕК за мерките против пушењето, се наведува дека се воведени регулативи кон тутунските производи (на пример пакувањата, предупредувачки натписи, сотојки на тутунот), рестрикции во рекламирањето, фискални мерки и кампањи.

Притоа, ЕК наведува дека опасноста постојано демне, затоа што тутунот како продукт за кој се стекнува навика, почнува да се ужива на возраст под 25 години.