ХРВАТИТЕ ДАВААТ ПЛАТИ ОД 1300 ЕВРА: Eве што бараат

Во топ професии кои се бараат се помошник работник, готвач, тесар, ѕидар, монтер, заварувач, возач на теренско возило, работник за преработка на риба и слично.

На кафулињата и дуќаните има огласи, се бараат работници.

Но, се бараат и дрвосечачи, заварувачи, бравари, софтверски инженери.

Од Македонија им доаѓаат пица мајстори кои овде имале плата од 300 евра, а таму заработуваат 1300 евра.

Од Србија им доаѓаат помошници готвачи кои добиваат плата од 1000 евра.

Тие во својата земја дале отказ, за да работат во Хрватска.

За оние кои сакаат да работат, работа има.