ВИДЕО: Заборавено интервју со Никола Тесла – Човекот што го измисли 20 век

Никола Тесла е роден во Смилјан на10 јули 1856 година. Тој е истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат како татко наизменичната струја и бројни футуристичкипронајдоци.

Тесла по потекло е Србин, а подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тој е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.

По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник.