Ова е најдобар напиток за вашате здравје

Комбинацијата од лук и лимон носи бројни здравствени придобивки за здравјето на нашиот организам и претставува еден од најдобрите начини за зачувување на здравјето на крвните садови. Освен тоа, лимонот е богат со витамин Ц за зајакнување на имунитетот, додека лукот успешно ги уништува микробите.

Поединечно, лимонот и лукот се користат за бројни тегоби и најпознати се по својствата да го зајакнат организмот и самиот имунитет. Оваа комбинација во кулинарството е заслужна за вкусните рибји специјалитети, па затоа не е ни чудно што медитеранската исхрана е прогласена за најздрава во светот.

Лукот е прогласен за лековита намирница поради својот исклучителен состав на витамини и минерали. Најпознатите компоненти на лукот се аденозинот кој спречува создавање на крвни згрутчувања и алицин кој се смета за природен антибиотик.

Лимонот е можеби најпознатото цитрусно овошје, а му се припишуваат бројни добробити за нашиот организам, најмногу поради витаминот Ц и неговата киселост која ги одбива штетните бактерии, а ги привлекува оние кои се добри за нашата дигестија.

Во продолжение, погледнете за што се користи оваа моќна комбинација:

– го намалува нивото на холестерол во крвта

– го регулира нивото на шеќер во крвта

– ја регулира функцијата на црниот дроб

– ги елиминира масните клетки и нивното складирање

– ја подобрува циркулацијата

– го зајакнува имунитетот и опторноста на организмот

– го штити телото од слободните радикали

Припрема на напиток од лук и лимон:

– 30 чешниња лук

– 6 излупени лимони

– 2 литри вода

Во едно поголемо тенџере, ставете го исецканиот лук и лимонот исецкан на мали парчиња. Потоа, додадете ја водата и ставете го тенџерето на оган. Оставете водата да зоврие, а потоа варете уште 10 минути.

Кога течноста доволно ќе се излади, процедете ја и ставете ја во стаклена тегла или шише и чувајте ја во фрижидер.

Како да го консумирате напитокот?

Овој напиток се консумира секојдневно, во рок од 3 недели. Секој ден по оброкот испијте 50 милилитри од напитокот, а потоа направете пауза од 7 дена. По паузата, продолжете со консумација во рок од 3 недели. Овој третман може да се спроведува на секои 6 месеци.