сабота, 21 јули 2018

Видео: Падна опасна меѓународна банда дилери – трудница шеф на нарко-мафијата

 

Јованка С. од Белград иако во седми месец од бременоста, со своето момче управувала со транспорт и продажба на хероин низ улиците на Виена. Во акцијата на полицијата уапсени се вкупно 13 лица.

На чело на криминалната група се членови кои пред два дена се уапсени во Србија и Австрија. Освен белграѓанката Јованка, во акцијата уапсено е и нејзиното момче Зоран Н. и Марио К., како и десет дилери на дрога.

Тие тројца се уапсени во спектакуларна акција на полицијата во Земун.

Истовремено австриската полиција уапсила уште 10 дилри за кои постои сомнение дека работеле за уапсените тројца во Србија.

Во одвоените акции запленети се 1,5 килограми чист хероин, како и 22 килограми парацетамол, кој се користи за мешање со хероин пред да се продаде на крајните корисници на дрога. Пронајдена е и мала количина марихуана, но и пиштол и 20.300 евра, потврдиле од полицијата за српските медиуми.

facebook_link