Го намалува ризикот од рак, дијабетес и срцеви заболувања и сите го имате во домот

Лукот со векови се користи како лек против многу болести, а неодамнешните истражувања покажаа дека оваа чудотворна намирница навистина има многу позитивни здравствени ефекти, пишува Daily Mail.

Една студија од Универзитетот во Нотингем во Велика Британија покажа дека лукот го намалува ризикот од појава на рак, срцеви заболувања и тип 2 дијабетес.

Сепак, колку оваа намирница ќе биде здрава зависи од нејзината подготовка, велат научниците.

Д-р Питер Роуз, водечкиот научник на истражувањето, вели дека од лукот се ослободуваат различни хемикалии кога тој се сечка, толчи и ферментира во алкохол.

Сепак, сè уште не е јасно кој метод има најголеми здравствени придобивки.

“Она што уште повеќе го комплицира финалниот заклучок е фактот дека сѐ уште не знаеме како човечкиот организам ги метаболизира сите овие супстанции”, вели Роуз.

И покрај тоа што е лековит, научниците истакнуваат дека лукот не е семоќна билка што го решава секој здравствен проблем.

“Мислам дека не постои една единствена билка која може да ги излечи сите болести”, рече Роуз.

Истражувањето беше објавено во списанието „Trends in Pharmacological Sciences”.

Научнициве можат да спроведуваат милијарда истражувања ако сакаат, но факт е дека лукот е единствената намирница која покрај тоа што се користи за да ви го подобри јадењето (а да не споменувам какво макало се прави од него), тој се користи и за подобрување на имунитет, против настинки (не за џабе рекле старите, едно чешне лук и мед секој ден и нема никогаш да настинете), против отоци предизвикани од инсекти, се користи за намалување на оток на заб, против хемороиди, се прави маска за против опаѓање на коса и зајакнување на коренот и што уште не.