Германскиот адвокат кој ги тужел пратениците поради НАТО бомбардирањето: Србите не престануваат да ми се заблагодаруваат

Германскиот адвокат Вилфрид Шмиц поднел кривични пријави против сите пратеници во Бунгестагот, вклучувајќи ги и членовите на владата, кои на 16. октомври 1998. година гласале за учество на Бундесверот во одлуката за бомбардирање на Србија. Тој за српски “Blic” вели дека е сигурен во фактите во тужбата и очекува победа на суд.

“Мојата тужба е апсолутно оправдана. Доколку главниот државен обвинител се држи до криминалниот законик, нема да чека да тргне во акција. Затоа е неопходно да ја информираме јавноста за тужбата”, додава Шмиц.

Поради тоа очекува дека одговорноста конечно ќе ја сносат политичарите и војниците кои овозможиле напад на Србија.

“Германскиот народ не е одговорен за овој напад, никој не го ни праша. Затоа, според моето мислење, германскиот народ не треба да плаќа за последиците од ова злосторство. Но, мислам дека политичарите кои се одговорни за кршењето на меѓународното право добија многу пари, така што и жртвите би можеле да добијат значајна сума. Па, главните одговорни би требало да плаќаат за штетата во Србија. На жртвите овие пари никогаш нема да им ја надоместат загубата, но тоа е добар знак за иднината, дека вистинските виновници плаќаат, а не нивните земји”, истакнува Шмиц.

Нема информации за реакцијата на германската јавност, со оглед на тоа дека го следат класичните медиуми, но тој користи интернет, преку кој му се обратиле и некои Срби.

“Личните контакти во Србија не се мотивот за мојата тужба, но откако медиумите го пренесоа ова, многу Срби ме контактираа да ми се заблагодарат. Многу беа среќни што преземав нешто вакво”, вели Шмиц.