понеделник, 18 јуни 2018

Заработете и до 100.000 долари од производ од пчели

 

Српските пчелари открија многу попрофитабилен бизнис од производството на мед – собират отров за пчели, кој може да достигне цена и до 70.000-100.000 долари. Најскапиот производ од пчелите најмногу го купуват козметички компании од САД, а го користат за скапи креми против брчки и ботокс, производство на лекови за кардиоваскуларни и ревматски болести, како и за лекарства за над 40 најтешки типови на автоимуни болести. Останува да видиме, дали овој профитабилен тренд ќе го прифатат и македонските пчелари.

– Производството на отров од пчели е пионерски потфат. Многу мал број пчелари го работат тоа. Законски не се регулирани ниту производството, ниту пак бизнисот со отровот од пчели, поради што принудени сме преку Босна да испраќаме пратки со отров во Америка. За 100 грама отров се добиваат околу 7.000 долари – изјави Топлица Ѓорѓевиќ, претседателот на српското Здружение на пчелари, кој има над 10.000 пчелини кошници.

Процесот на производство на отровот од пчела трае 45 минути. За да се добие еден грам потребни се 15 пчелини колонии, кои мораат 1.000 пати да боцнат. Процесот не е едноставен, а во ваквиот бизнис лидери се Русите и Кинезите, каде што оваа земјоделска гранка е многу развиена.

Отровот од пчелите е смеса на органски киселини и различни хистамини, и се користи во апитерапијата за лечење на одредени болести. Претходно се користеше за санација на реума, запаление на зглобови, ишијас, а во последно време и кај болните од Паркинсова и Хочкинсова болест, мултиплекс склероза, како и при лекување на зависностите. Истражувањата исто така покажуваат дека отровот од пчели има многу силен токсичен ефект на болните клетки, поконкретно, на клетките зафатени од различни канцери, јави Б92.

facebook_link