Владо Јовановски со стихови се огласи по излегувањето од Шутка

Aктерот Владо Јовановски кој е обвинет за тероризам и три месеци помина во затворот во Шутка за настаните на 27 април вечерва се огласи на својот фејсбук профил.

Тој објави стихови на српскиот поет Бранко Милковиќ.

“…Иднината не е сѐ она што ќе дојде!
Многу нешто, едноставно ќе се повтори!
Минатото, не е сѐ она што нема да се поврати и еден дел од иднината останува затаен…”, напиша актерот на својот профил вечерва.

Пред неколку денови притворот во Шутка на Јовановски му беше заменет со куќен притвор и одземање на пасошот.