понеделник, 18 јуни 2018

Арбен Чејку: По 10 години ќе имаме три албански држави, таа на Албанците во Македонија

 

Поранешниот албански амбасадор во Косово и Македонија, Арбен Чејку, даде смела изјава дека по 10 години ќе има три албански држави во регионот, пренесуваат албанските медиуми.

Чејку вели дека во 2028 година предвидува дека освен Албанија и Косово, ќе има и уште една албанска држава, таа на Албанците во Македонија.

– Сега веќе државотворноста на Албанците во Македонија е реалност и настаните таму ме натераа да сфатам и да предвидам дека по 10 години ќе имаме трета држава на Албанците, рече Чејку.

Според него, навистина ја одбележале десетгодишнината од независноста на Косово, но албанското прашање сé уште не е целосно решено, бидејќи се уште не им е дадено целосно право на Албанците во Македонија.

facebook_link