петок, 25 мај 2018

Во црквата „Св.Ѓорѓи“ во Струга литургија за празникот Сретение на Господ Исус Христос

 

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15-ти февруари, четврток, во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение на Господ Исус Христос“.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски, г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

facebook_link