петок, 25 мај 2018

ФОТО: Ништо не трае вечно! Арнолд Шварценегер спие на улица пред негова статуа….

 

Познатиот актер Арнолд Шварценегер поставил фотографија од него како спие на улица пред неговата славна бронзен статуа, и тажно напишал – „Како се менуваат времињата!“

Причина зошто ја напишал оваа фраза не е затоа што е стар (во јули ќе наполни 71. година) туку затоа што кога бил гувернер на Калифорнија тој промовирал хотел пред кој била поставена негова статуа.

Персоналот на хотелот, тогаш, му кажал:„Во секој момент можете да дојдете и за вас ќе има резервирана соба“.

Кога Арнолд повеќе не бил гувернер и отишол во хотелот управникот одбил да му даде соба велејќи му дека ќе мора да плати доколку сака да отседне кај нив.
Актерот донел вреќа за спиење и си легнал пред статуата и својот потег го објаснил со зборовите:„Кога бев на важна позиција, секогаш ’ми се додворуваа’, а кога ја загубив позицијата тие ме заборавија и не го одржаа нивното ветување. Не и верувајте на позицијата ниту на парите што ги имате, ниту на вашата моќ, ниту интелигенција, тоа нема да трае вечно“.

Обидувајќи се секого да научи дека „кога сте важен’ во очите на луѓето секој е ваш „пријател“. Но, кога еднаш нема да бидете од корист на нивните интереси вие не сте важни.
„Вие не сте секогаш тој што мислите дека ќе бидете, ништо не трае вечно“ рекол Арнолд Шварценегер.

facebook_link