понеделник, 26 февруари 2018

Емина Јаховиќ се разведува од својот маж поради најбогатиот Србин?

 

Емина Јаховиќ, за која Турците тврат дека се разведува, во Белград почнала често да се гледа со бизнисменот Марко Мишковиќ, кој средил нејзиниот албум да се рекламира во „Убијците на мојот татко“, ултрапопуларна серија во Србија, која ја продуцира токму тој.

Емина Јаховиќ повторно е блиска со пранешното момче Марко Мишковиќ, дознава Курир.рс. Пејачката, за која турските медиуми тврдат дека се разведува од пејачот Мустафа Сандал, била видена во Белград со синот на бизнисменот Мирослав Мишковиќ, со кого беше во врска пред десетина години.

– Марко и Емина многу се сакаа. Нивната љубов беше толку голема што се имаат и тетовирано – Марко има тетоважа со името на Емина на еврејски, а пејачката го има неговото. Планираа да се земат, но ненадејно пукна врската. Отидоа секој на своја страна, со годни се немаа ни видено ни чуено, сѐ донеодамна, кога повторно се сретнаа, вели упатениот извор на Курир.

Интересно е дека нејзиниот последен албум „Даље“ се рекламира во „Убијците на мојот татко“, а продуцент на серијата е токму Марко.

Нивната обновена блискост можеби не би била интересна за медиумите ако веќе подолго време не се шпекулираше дека бракот на новопазарската пејачка и турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал е во крза.

Марко е во брак со пејачката Јована Николиќ.

facebook_link