Ана и Швајни подготвени за доаѓањето на бебето: Еве каков пол ќе биде и како ќе се вика

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг фудбалерот Бастијан Швајнштајгер се пресреќни откако дознаа каквов пол е нивното неродено дете.

Ана и Бастијан чекаат… момче, на кое, кога ќе се роди, ќе му дадат српско име.

-Кога дознаа дека ќе добијат син, веднаш почнаа да размисуваат за имиња. Многу имиња беа во опција, но Ана изрази желба името да биде српско. Швајни ја поддржа својата драга и сега се двоумат за неколку имиња, вели извор близок на Ана.

Инаку, тие судбоносното ДА го изговорија во Венеција во јуни 2016 година.