понеделник, 26 февруари 2018

Црвената зелка штити од рак

 

Црвената зелка е многу поретко на нашата трпеза од зелената, но таа има поголеми хранливи вредности и задоволува дури 85 отсто од дневните потреби на организмот за витамин Ц. Зелената зелка задоволува само 47 отсто од овие потреби. Црвената зелка е побогата со витамин Ц од портокалите.

Оваа зелка има неколку лековити својства. Таа го поттикнува варењето на храната, ги намалува притисокот и холестеролот, го забавува стареењето и штити од Алцхајмерова болест, но таа е и одлична превенција од рак.

Антиоксидансите од црвената зелка го неутрализираат дејствувањето на штетните слободни радикали, кои, освен што го забрзуваат стареењето, го зголемуваат ризикот од рак и од срцеви заболувања. Во црвената зелка постојат индоли, кои го намалуваат туморот на дојките кај жената. Витаминот А, кој исто така го има во неа, докажано го намалува ризикот од рак на белите дробови.

facebook_link