Мистерија: Срби од апартманот на Никола Тесла го украле „зракот на смртта“

Чудни работи се случувале во апартманот 34 во хотелот „Њујоркер“ во Њујорк каде на 7 јануари 1943 година почина еден од најголемите научници Никола Тесла.Пред во апартманот да влезат агентите на ФБИ биле забележани двајца мажи како изнесуваат документација и ја товарат на камиони.

Тоа биле Мирко Марковиќ агент на Коминтерната и Сава Косановиќ, внук на Тесла.

Долги години потоа, Мирко во своите мемоари наречени „Одбран пат“ напишал дека речиси сите изуми што ги зеле од апартманот со бродови ги пратиле во Русија и дека меѓу нив бил и најголемиот експеримент на Тесла наречен „Зрак на смртта“.

Станува збор за изум заснован на сноп од честички на светлост кои произведуваат енергија која може да собори 10.000 авиони на оддалеченост од 400 километри.

При тоа, не постои никаква заштита и одбрана која може да ја спречи силата на тоа оружје. Се претпоставува дека голем број од оружјата произведени од Русија по втората светска војна потекнуваат од опитите и експериментите на големиот Тесла.