петок, 25 мај 2018

Чудо на св. Арсениј Пароски: Оживеало бебе во болница

 

Објавата на ова чудо се случи на 22. јануари 2018 година, од страна на отец Дионисиј Табакис, кому по телефон му се јавила игуманијата Арсенија, од манастирот „Свето Преображение“ на островот Парос, Грција, каде што се наоѓаат и моштите на светиот Арсениј Пароски.

Неговата објава ја пренесуваме во целост: „Пред неколку минути, игуманијата Арсенија Ѕантули (стареци на манастирот во кој се подвизувал св. Арсениј Пароски) и нејзиното сестринство ни го јавија следното восхитувачко чудо: Долги години сестрата на игуманијата Арсенија живеела во Белгија, заедно со нејзиното семејство. Пред пет месеци нејзината внука се удостоила да стане мајка.

Новороденчето било крстено оваа година, на празникот Богојавление (6. јануари 2018 по нов календар), и го примило името Арсенија, во чест на преподобниот старец Арсениј. Но, одеднаш бебето се разболело и со отежнато дишење било одведено во болница. По само два дена, на 8. јануари 2018., бебето се упокоило, оставајќи ги своите родители неутешни. Истиот тој ден, во болницата дежурал лекар со грчко потекло. Одејќи на визита, сретнал еден старец со бастун, со кого позборувал за упокоеното бебе.

Старецот му рекол да појде кај бебето и да му пружи кардиопулмонална ресусцитација, макар што од прогласувањето на смртта изминале 24 часа и смртта била официјално потврдена. Старецот го убедувал дека бебето ќе живее. Вчудоневиден од овие зборови, лекарот постапил токму онака како што го советувал стариот посетител и, бебето Арсенија, во слава на Бога, воскреснало.

Мајката, враќајќи се в болница за да го организира погребот, го нашла нејзиното бебе живо во нејзиното креветче. Чудесен е Бог во светиите Свои! Стариот човек што го посоветувал лекарот бил самиот свети Арсениј Пароски, онака како што е прикажан на една од неговите икони!

Отец Дионисиј Табакис 22. јануари 2018 Свештен Преображенски манастир – св. Арсениј Пароски Дасос, 844 00 Парос (парохија), Парос, Кикладски острови тел. +302284091300“ Извор: http://yiorgosthalassis.blogspot.com/2018/01/blog-post_962.html

Извор: http://pravoslavie.mk. Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/chudo-na-sv-arsenij-paroski-voskresnalo-bebe-vo-belgiska-bolnitsa/ .

facebook_link