недела, 25 февруари 2018

Ахмети: Каде ќе помине Албанец таму ќе се зборува албански

 

Освен македонскиот јазик и албанскиот е официјален во сите институции во Република Македонија, порача претседателот на ДУИ Али Ахмети, во емисијата „200“ на телевизијата Алсат-М.

-Албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине. Е сега ако тој поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик- рече лидерот на ДУИ според кого исто ќе се применува албанскиот јазик во било кој град во Македонија.

-Ако поминува во Делчево и направи некој проблем… исто може да зборува на својот мајчин јазик- изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети во своето гостување на емисијата 200.

facebook_link