Царовска: Казна од 1000 евра за верско организирање на децата за Водици

Министерството за труд и социјална политика непосредно пред големиот верски празник Водици во петок, предупреди дека е забрането политичко или верско организирање на деца.

Од министерството соопштуваат дека е испратен допис до детски градинки како потсетник за Законот за заштита на децата, поточно на член 12, став 4, со кој се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, соопштуваат од МТСП.

Глобата за непочитување според законските одредби изнесува 1.000 евра во денарска противвредност.