недела, 17 декември 2017

Mистериja: Инсталираа камера во училиште и еве што снимија

 

Мистериозното видео е снимено во училиштето Дирпарк, во ирскиот град Корк, откако беа инсталирани безбедносни камери кои реагираат на движење, пренесува Daily Mail.

misterija

Снимката покажува врати кои сами од себе се отвораат и затвораат, ормарчиња кои се нишаат напред-назад, а едно се отвора и од него летаат хартии.

„Бевме известени дека нешто се случува во школото, а кога ја прегледавме снимката го видовме ова“, вели директорот Кевин Бери. „Ова е снимено средено ноќ. Збунети сме, бидејќи не знаеме што може да биде тоа“, вели тој.

„Навистина чувствувам дека нешто чудно се случува овде, бидејќи луѓето од време на време чувствуваат вистински студ во воздухот кога минуваат низ тој ходник. Многу е интересно, еден од наставниците со себе на работа го носи миленичето, но животното никогаш не сака да минува тука“, вели директорот.

Бери додава дека не знае дали некој извел „многу добро подготвен трик“ во шоклото кое е изградено во 1828 година.

„Јас лично сум скептичен, но рековме дека ќе го објавиме тоа на Фејсбук, едноставно затоа што не знаеме дали станува збор за трик или нешто друго. Дали некој си игра со нас?“, продолжува тој.

„Станува збор за доста стара градба, со богата историја. Луѓето во старите куќи често слушаат врева и необични звуци, но ова е прв пат да снимиме нешто вакво. Често најдуваме расфрлана хартија, но никогаш не можевме да кажеме за што станува збор, едноставно претпоставувавме дека тоа го прават учениците“, објаснува Бери.

Тој додава дека ниту една друга камера која води до тој ходник не реагирала на движењето од наводните духови.

„Со оглед на фактот дека имаме камери кои реагираат на секое движење, би требало да можеме да детектираме луѓе кои се движат кон тоа подрачје и на другите камери, но не успеавме да снимиме такво нешто“, вели тој.

facebook_link