сабота, 21 октомври 2017

Го посетила Острошкиот манастир и животот и тргнал на подобро

острог
 

“Имав чувство дека цел свет се руши. Се гушев во проблеми, а немав никој да ми помогне. Животот ми се промени оној ден кога одлучив да го посетам манастирот Свети Василиј Острошки”, ја започнала својата приказна М.Б. (27) од Белград, за српски Курир.

“Од се ми беше преку глава! На работа ситуацијата беше грозна, а ни дома не ми беше нешто подобро. Поради секојдневните нервози го загрозив и моето здравје. Сакав да станам мајка, да добијам дете со момчето со кое живеам веќе 3 години. Меѓутоа, кога му го реков тоа – одеднаш се се’ промени.

Отворено ми рече дека не сака деца и дека тоа го смета за губење време. Секогаш се каравме за тоа. Секој ден ме дочекуваше дома нервозен и нерасположен. Рудителите постојано ме притискаа, ме прашуваа дали наскоро ќе станат баба и дедо. Се сеќавам, тој 20 август, имав ужасен ден на работа. Шефот пред сите ми викаше. Започнав да плачам, не можев да ги запрам солзите. Се’ собирав во себе, но чашата се прелеа. Ништо не беше како што замислував.

Не сакав да се вратам дома, сакав да избегам од се. Се качив во автомобилот и се упатив кон манастирот Свети Василиј Острошки. Телефонот постојано ѕвонеше. Со оглед на тоа што прв пат одев на тоа место, не знаев што ме очекува таму.

Го оставив автомобилот пред манастирот и со забрзани чекори се упатив кон ова светилиште. Луѓето кои седеа пред влезот ме гледаа со чудење. Монахињата која во тој момент излезе, застана пред мене и ме фати за рака. Ја погледнав исплашена и зачудена.

Плачи, немој да се срамиш. Ако чувствуваш дека треба да плачеш, направи го тоа. Сега ќе влезеш внатре и сите проблеми ќе исчезнат, јас ти гарантирам за тоа. Сами себе си сме најголеми непријатели. Замоли го свештеникот да ти прочита молитва и се ќе биде во ред. Ти посакувам среќа и нека Бог биде со тебе- ми рече монахињата.

Гледав во неа како мало дете. Пред малата просторија во која се наоѓаат моштите на Свети Василиј Острошки стоеше монах кој пушташе луѓе внатре.

Кога влегов во просторијата почувствував како некоја сила да помина низ моето тело, осетив немоќ. Свештеникот им рече на луѓето да не влегуваат внатре, па останав сама со него. Не можев ништо да зборнам. Паднав на колена и се фатив за стомак. Имав болки кои беа неподносливи. Свештеникот започна да чита молитва, а јас викав на цел глас. Не се сеќавам на ниту еден збор кој го изговори.

Сега ќе ти биде подобро – рече тивко. Монахот кој стоеше надвор, влезе и ме подигна. Се потпрев на него и заедно тргнавме кон излезот.

Ме однесе до една просторија и ми помогна да седнам. Бев преплашена ! Не знаев што се случува. Плачам, а во следниот момент неконтролирано се смеам.

Бледа си, земи малку вода. Немој да се грижиш, се ќе биде во ред. Најлошото помина, остани овде вечерва, ќе ти биде подобро. Многу луѓе спијат пред манастирот, ние ќе бидиме тука ако ти треба нешто. Немој да се плашиш – рече монахот љубезно.

Бев во манастирот две недели. Секоја ноќ спиев под отворено небо. Кога тргнав назад за Белград, чувствував олеснување. Го немав повеќе оној товар кој секојдневно го носев со себе. За прв пат во животот знаев дека се ќе биде во ред, бев сигурна во тоа.

Ја раскинав долгогодишната врска и ја променив работата. Се тргна кон подобро, дури и мојата здравствена состојба се стабилизира. Сонував дека секоја ноќ сум во манстирот Острог, па се пробудував со насмевка на лицето. Сега имам сопруг, но и син Василиј кој наскоро ќе полни една година. Наскоро ќе го крстиме во манастирот кој засекогаш ми го промени животот”.

facebook_link