среда, 25 април 2018
ВИДЕО: Се расположиме, спонтано се фанаме - Играеме оти изградиме автопат - Професор Хаџидедиќ: Лондон не се откажува од поделба на БиХ и на Македонија! - Шчербак: Не би сакале НАТО да го користи македонскиот народ како топовско месо - Хан очекува решениe за името во наредните две недели - Заев вели дека не верува - ВИДЕО: Викторија Лоба и раперот Тајзи, сношти го промовираа првиот дует - Премиерот Заев и Џорџ Робертсон (во живо) - „Политичарите се полуписмени и неуки, но се јунаци на нашето време“ - ВИДЕО: Спортист спречил масакр! Со голи раце скокнал на напаѓачот - "Ќе мора да се помачи за да ме убие" - Бачев ќе поднесе иницијатива Собранието да ја повлече одлуката на влада од 2008 година за признавање на Косово - Педофилски скандал: Висок функционер им ветувал светла иднина на сиромашни момчиња, а ги држел како сексуални робови

Конзумирањето риба ја намалува депресијата

 

Честото конзумирање риба резултира со намалување на ризикот за депресија за 17 отсто – се наведува во студија спроведена од научници од Универзитетот во кинескиот град Кингдао. Според нив, рибата е богата со многу хранливи материи, вклучувајќи омега 3 масни киселини, висококвалитетни протеини, витамини и минерали кои веќе се поврзани со намален ризик за депресија.

Најважен фактор можеле да биде омега 3 масните киселини кои можат да влијаат на функцијата на невротрансмитери како допамин или серотонин. Проценето е дека депресијата погодува 350 милиони луѓе во светот. Сознанијата на кинеските научници се темелат врз основа на податоците собрани за потребите на 26 претходни студии спроведени со учество на 150.000 испитаници.

Воочената врска меѓу често конзумирање риба и помалиот ризик за депресија е поизразено кај мажите.

facebook_link