недела, 17 декември 2017

Чудо: Пронашле Библија која го преживеала нападот, а пораката ги изненадила сите

 

Во рушевините на Светскиот трговски центар во Њујорк кој што беше срушен во терористичкиот напад на 11-ти септември 2001-ва година, била пронајдена Библија која што „го преживеала“ нападот.

Познатиот оддел од Библијата, поточно во делот од Новиот Завет: „Око за око, заб за заб! А јас ви велам: Не му давајте отпор на злото, туку ако некој ве удри по десниот образ, свртете го и другиот“ е еден од најчитаните проповеди на Исус.

Од толку многу проповеди на Исус, токму овој остави посебна трага после терористичките напади на 11-ти септември во 2001-ва година, затоа што една „преживеана“ Библија која што била најдена под рушевините, по некоја случајност била отворена токму на страницата на Евангелието на Матеј.

Библијата во рушевините била пронајдена од фотографот Џоел Мејеровиц кој како што вели, бил шокиран од нејзиното пронаоѓање, односно од значајната порака која што ја прочитал.

„Од сите страници на Библијата кои што можеа да бидат отворени, јас ја најдов токму оваа страница. Тоа е чудесно“, изјави фотографот.

facebook_link