среда, 22 ноември 2017

Чипови во телото – потреба или следна фаза на „Големиот брат”

BOCA RATON, UNITED STATES:  This photo taken 10 May 2002 shows the VeriChip, which was implanted for the first time in a family in Boca Raton, Florida. The chip, a product of Applied Digital Solutions, Inc. will contain personal medical information which is acquired with a specialized digital reader.    AFP PHOTO/RHONA WISE (Photo credit should read RHONA WISE/AFP/Getty Images)BOCA RATON, UNITED STATES: This photo taken 10 May 2002 shows the VeriChip, which was implanted for the first time in a family in Boca Raton, Florida. The chip, a product of Applied Digital Solutions, Inc. will contain personal medical information which is acquired with a specialized digital reader. AFP PHOTO/RHONA WISE (Photo credit should read RHONA WISE/AFP/Getty Images)
 

Ал Џезира Балкан – Сараево

Стравот од губење на приватноста е се поприсутен во модерниот свет, посебно што приватност имаме се помалку со развојот на технологијата, а можноста властите и работодавците да го следат секој наш чекор стана секојдневие, која ни најголемите скептици не ја одбиваат.

Веста дека американската компанија 32М стана прва компанија во САД која за сите свои вработени овозможи импланти во вид на микрочипови, слични на тие претходно користени за животни, го сврте вниманието на светската јавност, бидејќи од една страна дава увид во тоа што еден ден може да го чека секој работник, додека од друга страна се поставува прашањето дали навистина почнуваме да живееме во светот на „Големиот брат”, од чии погледи не можеме да се сокриеме.

Исто така, се поставува прашањето зошто компаниите воопшто би вградувале микрочипови на работниците под кожата.

Извршната директорка на Нетокрација, Миа Биберовиќ објаснува дека компаниите кои воведуваат или планираат да воведат „чипирање” веќе имаат некои уреди (на пример, картици, мобилни телефони) кои ја вршат истата функција како и самиот чип вграден под кожа (влез низ врата, бележење на доаѓање и заминување на работниците, овозможување и оневозможување на пристап на одредени лица до одредени делови на компанијата, па дури и купување на храна…), но дека чипот се смета за безбеден (на пример, лесно е да се украде нечија картица) и едноставен за користење (не е потребно да се носи дополнителен предмет со себе за да се вршат секојдневни активности).

Недостатоци на чиповите

Маана е секако контроверзноста која секое вградување на уред под кожата го носи со себе, поради што вообичаено е таа технологија, како паметните часовници, нараквици, ланчиња, да се носат на телото, отколку под кожата, додава таа.

Исто така, тука е и стравот за влијанието на здравјето на лицата кои носат чипови, иако ги одобри американската Агенција за безбедност на храната и лековите ФДА, но и за податоците кои се собираат на овој начин. На вработените и сите други упатени во проектот мора да им биде јасно за што се користи чипот, како и кои податоци се собираат преку него и со кои цели, вели уредничката на Нетокрација.

Биберовиќ додава и дека чипот се отстранува покомплицирано, откако повеќе нема да биде потребен, за разлика од тоа на пример да се фрли или поништи непотребна картица.

Таа наведува дека „чипирањето” во компанијата 32М е веројатно прв таков случај во Америка, но не во Европа, бидејќи шведската компанија Епицентер веќе го направи тоа оваа година. Противниците на чиповите вградени под кожата своите ставови ги бранат со тезата дека сега целосно ќе ја изгубиме приватноста, т.е. дека на работодавците, но и во следните чекори и на властите ќе им бидеме постојано на око, т.е. дека во секој момент ќе знаат каде сме и што правиме благодарение на уредот кој постојано праќа податоци за нас.

„Пасивни” чипови

Харун Шиљак, постдоктор истражувач на колеџот Тринити во Даблин, објаснува дека се работи за пасивни RFID чипови, кои немаат сопствено напојување, туку реагираат на присуство на активен RFID читач. Такви чипови имаме на RFID картиците кои се користат секој ден за плаќање или отворање на врати.

„Ставете ја раката во џеб, извадете ја картицата, приближете ја до читачот, извршете идентификација, вратете ја картицата во џеб. Ако вградите чип во вашата дланка, ви останува само приближување на дланката на читачот: ќе заштедите неколку секунди на ритуално ставање на раката во џебовите и ќе ја избегнете можноста да сте ја заборавиле картицата” – објаснува др. Шиљак.

Бидејќи чиповите користат RFID технологија, можат да се користат во разни цели кои подразбираат размена на информации, а не само за потребите за работа.

„Како што можеме бесконтактно да купуваме со кредитни или дебитни картици, истото би го можеле со чип вграден во некој дел од нашето тело. Влезниците, пропусниците, на пример, во јавниот превоз, на концерти во кино сали? Зошто да не. RFID веќе се користи при разни услуги, а принципот е ист – само наместо специјализирани картици илу други предмети, тоа може да го врши чип кој ќе се наоѓа под кожата” – наведува Биберовиќ.

Шиљак наведува и дека вградените чипови не даваат целосен увид на работодавците каде сте и што правите. Тој објаснува дека овие импланти не се гасат, бидејќи секако се пасивни, така да не можеме на тој начин да одлучуваме кога и како ќе „праќаме” податоци за своите активности, но дека се зависи од тоа покрај кои RFDI читачи ќе ја доближите дланката, кога и каде.

Прашање за контролата

„Прашањето за контролата над чипот е многу важно: во чипуваната утрешнина секој од нас би сакал да биде господар на својот чип т.е. на телото и тоа што се случува во 32М не е баш најдобар почеток” – вели истражувачот на колеџот Тринити.

Владата веќе сега собира огромни количини на податоци за своите граѓани, што го поставува прашањето дали иднината со вградени микрочипови ќе доведе до тоа „Големиот брат” да го следи апсолутно секој чекор на секое лице во државата.

Би биле можни два начина за такво следење: вградување на активни чипови со можност за GPS следење или обавезно приближување на раката со пасивен чип до читач на секои 50 метри, на секоја врата или на секој столб на осветлување на улиците, објаснува Шиљак.

„Звучи како легитимирање на секој чекор, нешто што би го очекувале за време на полициски час, зарем не? Како радиоаматер многу ги користам услугите како овие, кои на целиот свет му ја покажуваат мојата локација (APRS следење), но многу ја користам и можноста да го исклучам уредот. Од тоа право не смееме да се откажеме” – вели тој.
„Чипирањето” го доведува во прашање и правото на работникот, т.е. на секое лице во земјата во која тоа се врши.

Некои од борците за човекови права сметаат дека користењето на чипови ги крши човековите права, бидејќи нивните корисници не можат да знаат за што се се користат податоците кои се собираат преку чиповите, вели Биберовиќ, но тој тоа го смета за погрешен став.

Податоците на корисниците

„Истото би можело да се тврди и за картиците и паметните телефони, како и разните апликации кои се наоѓаат на нив, кои исто така собираат разни податоци, на секојдневна база, а многу корисници не се ни свесни што се се собира и во кои цели. Пред се, треба да се работи на подигнување на свеста околу тоа што технологијата и нејзиниот развој општо прави за нас и против нас, да се заговара етична и транспарентна употреба на податоците кои се собираат. Тоа што собирањето на податоците се одвива преку чип или преку нашите навики на сурфање на мобилните телефони, или преку нашите паметни телевизори или фрижидери, не е толку важно” – вели таа.

Во случај на вградување на чипови под кожата на вработените, работникот мора добро да се запознае со тоа кои податоци се собираат, за кои цели и свесно да се согласи на тоа. Во сите други случаи присилувањето на користење на таква технологија не е оправдано, заклучи извршната уредничка на Нетокрација.

Таа додава дека користењето на чипови во компанијата 32М е опционално, а некои од вработените се одлучиле за сега да не вградуваат чипови, од разни причини. Една од нив е недоволната запознаеност со тоа како чиповите можат да влијаат на здравјето на поединците.

„Ова секако е експеримент кој ќе одлучи како технологијата понатаму ќе се применува и дали ќе се применува” – вели Биберовиќ.

facebook_link