среда, 22 ноември 2017

ДЕТЕКТИВСКА АГЕНЦИЈА-ДЕА ДЕТЕКТИВ ги нуди своите услуги

slikaa1000
 

Детективска агенција „ДЕА ДЕТЕКТИВ “ е лиценцирана легална детективска агенција, регистрирана во Р. Македонија.Нашите детективи се овластени за извршување на потребните проверки,собирање и обработка на податоци и информации како и податоци добиени од евиденција на државните органи и институции кои вршат јавни овластувања согласно Законот за Детективска дејност и подзаконските акти и прописи согласно овој Закон. Ние сме агенција посветена на откривање на вистината.

Можеме да откриеме факти и да обезбедиме докази што Ви овозможува да донесете правилна одлука. Сите собрани информации ќе се користа исклучиво за потребите на барателот на услугата со обврска на агенцијата Зaконски да ги чува како деловна тајна и по престанок на договорениот однос.

ДЕА гарантира максимална професионалност,ефикасност и целосна дискреција во реализација на дадената задача.

ПОВЕЌЕ
НАШИТЕ УСЛУГИ

Докази кои се во врска за постапка пред суд, државни органи и други институции кои вршат јавни овластувања. ДЕА детектив собира сознанија и за кривични дела и нивни сторители кои се гонат по приватна тужба. 

Утврдување на вистинитоста во различни ситуации во интерес на странката. Превенција од малолетничка деликвенција, брачно неверство, пред брачна проверка и сл. 

Утврдување на идентитет на лице, негово живеалиште и престојувалиште, пронаоѓање на исчезнати и сокриени лица. Детективската агенција Деа Детектив е успешна во утврдување на идентитет на лице негово живеалиште и престојувалиште. 

Украдени или изгубени предмети. Работи во проанаѓање на изгубени и украдени предмети, изгубени документи, изгубени или украдени накити, уметнички дела кои, за барателот на услугата, освен матерјална имаат и емотивна вредност и значање. 

Проверка на бонитет на деловни субјекти. Од пресудно значање за корпоративна заштита е проверка на бонитетот на фирми и нивните сопственици, позната во светот по изразот Due diligence. 

Односот на работниците спрема заштита на деловната тајна. Кога сопственикот или менаџерот се сомнева дека некој од вработените ја злоупотребува работата на компанијата. 

Истражување на осигурителна измама. Шеми кои варираат од едноставни до софистицирани и перфектни комбинации од различни кривични дела. 

Проверка на биографија (CV) на лице. Проверка на кандидатите кои аплицираат за работа стана вообичаена работа во нашето општество. Дискретна и професионална проверка на веродостојноста на податоците од биографијата на кандидатот. 

Проверка на злоупотреби со платени боледувања. Злоупотреба на боледување може сериозно да влијаат на успехот на деловен субјект. 

facebook_link