Ердоган: Европа е скапан континент и центар на нацизмот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска упати  нови обвинувања кон Европа, велејќи дека во неа гледа „еден континент кој скапува и „центар на нацизмот“, пренесе БТА.

– Европа веќе нема што да ни каже, ниту на нас, ниту на некој друг, изјави Ердоган во говорот во Баликесир, во северозападна Турција.

– Расистичките партии ги држат во раце европските лидери и влади, додаде тој.

– Европа веќе не е центар на демократијата, човековите права и слободи, туку  на угнетување, насилство и нацизмот, оцени турскиот претседател.

Денешното изјавата на Ердоган доаѓа по неколкунеделните тензии меѓу ЕУ и Турција по укинувањето на манифестации на приврзаници на претседателот Ердоган во неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија и Холандија.